Jump to content

ПомошːНагледен уредник/Карти

From mediawiki.org
This page is a translated version of the page Help:VisualEditor/Maps and the translation is 100% complete.

Главни помошни страници:

Ставање карти со Нагледниот уредник

Вметнување на карта

Screenshot of the insert menu in the VisualEditor interface with the Map option highlighted
Ставката „Карта“ во менито „Вметни“ на Нагледниот уредник

За да ставите нова карта во страница, стиснете на „Вметни“ во алатникот на Нагледниот уредник. Стиснете на „Повеќе“ за да се прикаже целото мени, па потоа стиснете на „Карта“. Ова ќе додаде карта на тековното наоѓалиште на показникот (курсорот) на страницата.


Основно зададените поставки за карта во Нагледниот уредник

Задавање на средиште, големина и сразмер на картата

Прозорецот прикажуа интерактивна карта со три јазичиња под неа: „Опфат на картата“ (го дава по основно), „Содржина на картата“ и „Поставки“ За да зададете местоположба, влечете ги средиштето и аглите на интерактивната карта и послужете се со копчињата „+“ и „-“ подолу за да го смените степенот на приближеност додека не ви се појави саканиот опфат. Во полињата под картата можете и рачно да внесете географска ширина и должина, степен на приближеност и големина.


Ставање на обележувачи и облици

За да ставете облици и обележувачи на карта, стиснете на јазичето „Содржина на картата“ за да ви се прикаже алатник. Можета да додавете линии, правоаголници, многуаголници или обележувачи.

Откако ќе додадете елемент, стиснете на иконката со молив и хартија во алатникот за да го измените. Имајте на ум дека ставањето на елементи во карта автоматски го изразува секој елемент како GeoJSON во полето за текст долу во прозорецот. Можете и да прекопирате важечки GeoJSON во полето за текст. За да отстраните елемент, стиснете на иконката со канта за ѓубре и потоа на елементот што сакате да го избришете. Потоа стиснете на „Зачувај“. Елементот можете да го избришете и од полето со GeoJSON подолу.


Јазичето за поставки

Нагодувања на форматирањето

Во јазичето „Поставки“ можете да ставите опис на картата. Можете да одредите дали картата да се прикажува со или без рамка и на која страна од страницата да стои. Можете да одредите на кој јазик ќе се прикажуваат местата на картата. Напомена: Не сите места се достапни на секој јазик. (Повеќе информации за јазици на картата.)

Зачувување на карта

Кога ќе завршите, стиснете на „Вметни“ (во горниот десен агол на процорецот) за да ја создадете картата во страницата. Ова го затвора дијалогот.


Уредување на постоечка карта

Уредување на постоечка карта

За ги измените својствата на постоечка карта, изберете ја картата и стиснете на копчето „Уреди“ што ќе се појави.

За да ја измените големината на постоечка карта, изберете ја картата во Нагледниот уредник и влечете ја двојната стрелка во долниот лев агол на картата. Ова ја менува само големината на раката на картата на страницата, а не степенот на приближеност или било која друга поставка на картата.

За да ја смените положбата на картата на страницата, изберете ја картата и потоа довлечете ја на саканото место.

Отстранување карти со Нагледниот уредник

За да отстраните карта, изберете ја, па на тастатурата стиснете на копчето „Delete“ или со комбинацијата CTRL-X. Можете и да исечете преку менито за уредување („Edit“) на прелистувачот.

Напредни поставки на картата

За напредни можности во уредувањето и означувањето на карти на Картограф, погледајте Помош:Додаток:Картограф .