Jump to content

Help:Како да воспоставите фонтови

From mediawiki.org
This page is a translated version of the page Help:How to install fonts and the translation is 94% complete.
Outdated translations are marked like this.
PD Напомена: Уредувајќи ја страницата, се согласувате вашиот придонес да се објави под лиценцата CC0. Повеќе за ова ќе дознаете на „Помош за јавна сопственост“. PD

Оваа страница нуди помош со рачната воспоставка на преземен фонт на вашиот сметач. Зависно од оперативниот систем и неговата верзија, проследете ги долунаведените напатствија.

Windows

Windows XP

  1. Затворете ги сите програми.
  2. Прекопирајте го преземениот фонт во папката C:\Windows\Fonts.

Windows Vista и Windows 7

  1. Затворете ги сите програми.
  2. Стиснете со десно копче на фонтовите што сакате да ги инсталирате.
  3. Ќе се појави мени, па одберете > Install.

Linux

GNOME

  1. Отворете го фонтот со прегледувачот на фонтови.
  2. Во него стиснете на копчето за инсталирање.

KDE

  1. Стиснете со десното копче на фонтовите што сакате да ги инсталирате.
  2. Ќе се појави мени, па изберете > Install Font.

Воспоставка за сите корисници на сметачот

  1. Зачувајте ги фонтовите во посебна папка. На пример: „Преземања/фонтови“.
  2. Отворете го терминалот и задајте ја наредбата:
sudo cp -R ~/Downloads/fonts /usr/share/fonts

Mac OS X

  1. Довлечете ги саканите фонтови во папката за фонтови во Библиотеката.

Mac OS 10.3 и понови верзии

  1. Стиснете два пати на фонтот за да го отворите користејќи FontBook.
  2. За да го инсталирате само за вас: стиснете > копче Install Font.
  3. За да го инсталирате за сите корисници: изберете > Preferences и изменете ја > Default Install Location од „User“ на „Computer“. Потоа стиснете > копче Install Font.